Шилегов се пофали дека доби подарок од Тони Зен, па објави предизвик за Шекеринска, Макрадули и Петров

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук објави „online challenge“, а први на листата номинирани се најдоа Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули.

Шилегов за подарок добил два нови албуми од Тони Зен, па се присетил на времето кога дома секој од нас имаше колекција со плочи, касети или CD-a, а потоа ги поттикнал и другите да купуваат албуми од македонски музичари.

Градоначалникот на Скопје на Фејсбук сподели дека испратил три изданија од македонски музичари на Коста Петров, Шекеринска и Макрадули и изрази надеж дека тие ќе го продолжат овој предизвик.

„Од мојот пријател Тони Зен на подарок добив два негови албуми, па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција. Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани“, напиша Шилегов.

Од мојот пријател Toni Zen Official на подарок добив два негови албуми па тоа ме натера да се потсетам на времето кога…

Posted by Петре Шилегов on Wednesday, March 10, 2021

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот