Шилегов се оградува за загадувањето, три децении немало грижа

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се оградува дека метрополата ги живее последиците од, како што вели, тоталната негрижа за Градот и на животната средина во изминатите три децении.

– Досегашните централни и локални власти не го решаваа проблемот со аерозагадувањето во неговата суштина. Најголема грешка што ја правиме сите е да дадеме третман дека загадувањето може да се реши преку ноќ – рече , вели Шилегов во емисијата „Анализа“ на ТВ24.

Тој рече дека во изминатите две години се поставени сите услови за суштинско решавање на проблемот и оти се работи на намалување на загадувањето – трансформација на јавниот превоз и зајакнување на инспекцискиот надзор.

Очекува претпријатието „Градски енергетски системи” до крајот на годината да ја добие лиценцата за дистрибуција на топлинска енергија и да се поврзат трите топловодни мрежи на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлана Север. Готова е и проектната документација за спојување на овие три топлински мрежи.

Прочитајте и...  Мајката на Пино: Ангела ќе излезе од затвор, ќе оформи семејство, Пино ништо од тоа нема да види, никогаш

– Топловодните мрежи во нашиот град беа нелегализирани. Изработивме 17 елаборати за легализација на топловодната мрежа за да може да го преземеме правото за користење и очекувам по Нова година кога ќе ја добиеме лиценцата да ги поврземе овие топловодни мрежи и да влеземе во правењето на најевтината и најеколошката енергија до што е можно повеќе домаќинства – рече Шилегов.

Прочитај повеќе

Деркоски: Апсолутни невистини се информациите за броење на гласовите од вчерашното гласање

Слободен печат

ОН: Уште 130 милиони луѓе би можеле да гладуваат заради пандемијата

Слободен печат

Чан Сантоки избран за претседател на Суринам

Слободен печат

Јуроп тудеј: Оздравените од коронавирус патат од замор, отежнато дишење и болка во мускулите

Слободен печат

Известувачот на ОН, Дејвид Кеј, ја предупреди Белата куќа за негативниот „ефект на Трамп” врз глобалната слобода на медиумите

Слободен печат

Во Дебар и Центар Жупа денеска ќе гласаат 33 болни и немоќни лица

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Македонија утре избира власт

Соња Христовска Угриновска

Болсонаро: Доколку бидам негативен на денешниот тест, се враќам на работа

Слободен печат

Кина донира заштитна опрема во вредност од 250 илјади евра

Слободен печат

Одбележување на Националниот празник на Франција

Слободен печат

Денес гласаат болните, немоќните и затворениците, најмногу пријавени во Прилеп и Кичево

Слободен печат

ОДИХР: Прелиминарна оценка на 16 јули, конечен извештај околу осум недели по денот на изборите

Слободен печат