Шилегов револтирано: Не го прочитав писмото на уметницитe и не е во ред предвреме да се суди

Петре Шилегов, Фото: European Union/Fred Guerdin

– Не го прочитав писмото на уметниците, затоа што не беше адресирано кон мене и немам коментар за ситуацијата, бидејќи сметам дека живееме во општество, каде што се уште пребрзо се суди, кога постапката уште не е завршена – изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, коментирајќи го вчерашното писмо на 251 уметник адресирано до премиерот Зоран Заев.

Голем број независни уметници, културни работници, организации и граѓански активисти упатија отворено писмо до премиерот Зоран Заев околу менувањето на раководната структура на Младинскиот културен центар. Според нив, музичарот Арбен Шаќири со денови го прославувал новото директорско место во МКЦ.

Шаќири вчера исто така не сакаше да го коментира писмото. Градоначалникот Шилегов во рок од две недели ќе одлучи кој ќе биде директор на Младинскиот културен центар откако ќе бидат разгледани двете пријави што стасале на конкурсот кој се одложил поради претседателските избори.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот