Шилегов: Правото на инспекција да им се одземе на општините и да се додели на Градот Скопје

Фото: МИА

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов предлага на општините во Град Скопје да им се одземе правото на инспекција и тоа да се додели на Градот. На тој начин, смета Шилегов, ќе се елиминираат, како што вели, субјективните слабости кои можеби постојат кај определени службеници во општините за толерирање на дивоградбите.

На гостувањето во централниот дневник на ТВ „Сител”, Шилегов рече дека сега има премногу простор за институционален „пинг-понг”.

– Општините да се занимаваат со урбанизам и со издавање на градежни дозволи, но инспекторирањето и санкционирањето на дивоградби да биде надлежност на Градот. За жал, ние како Град Скопје немаме градежна инспекција и ниту имаме надлежност да санкционираме дивоградби како што е Матка, Мавровка, објектот спроти Американската амбасада… За жал не постои закон врз основа на кој Градот може да делува  – истакна Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот