Шилегов прашува: Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?

Шилегов реагира на намалениот буџет за скопската ЗОО градина/Фото: Слободен печат

Екс-градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов се осврна на скандалот со Зоолошката градина во Скопје каде вчера таму беа затекнати неколку вработени како касапат коњи. Поради тоа МВР лиши од слобода 5 лица, четворица вработени и едно надворешно лице, а против нив и директорот на Скопје ЗОО поднесе кривични пријави.

„Во буџетот на Град Скопје за 2021 година, беа предвидени и исплатени околу 7.000.000 денари за функционирањето на Зоолошка. Тоа се средства кои се исплаќаат за да може Зоолошка нормално да функционира и нормално да се врши набавка за храна за животните. Во буџетот за 2022 за Зоолошка се предвидени 2.500.000 денари. Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица?, прашува Шилегов реагирајќи на драстично намалениот буџет за Зоолошката од страна на неговата наследничка Данела Арсовска.

Скопската градоначалничка синоќа по избивањето на скандалот експресно го разреши директорот Кристијан Стаменов и од Град Скопје соопштија  дека „се оградуваат од индивидуално преземените дејствија на директорот“.

Инаку, во последниве два дена во Зоолошката се заклани повеќе од десет коњи и мазги, за со месото да се хранат месојадните животни.  Ваква практика досега во Зоолошката немало, сведочат вработени, со оглед на тоа што храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.

 

-Директорот Стаменов тврди дека коњите им биле доделени од страна на Агенцијата за одземен имот, додека директорот на Агенцијата, Фатон Асани, тврди дека во последниве пет години, откако е тој директор, не се случило да се даде жива стока во Зоолошката градина, ниту, пак, некое животно да биде усмртено, објави Вистиномер.

Вчера на лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот