Шилегов: Подготвени сме за локалните избори, имаме со што да излеземе пред скопјани

Петре Шилегов
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов/ Фото: МИА

 Работа на политичките партии е да ги договорат термините за локалните избори, а ние сме подготвени и имаме со што да излеземе пред скопјани, изјави денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, коментирајќи го предлогот локалните избори да се одржат на 31 октомври.

– Што се однесува до скопјани, јас знам дека им е сосема сеедно дали изборите ќе бидат порано или на 31 октомври, затоа што знам дека ќе изберат континуитет во дејствувањето и функционирањето на градот. Ние сме спремни. Имаме и со што да излеземе пред скопјани. Имаме што да понудиме како продолжение, како континуитет на оваа успешна скопска приказна, потенцира Шилегов на денешната прес-конференција по повод почетокот на реконструкцијата на улицата „Лука Геров” во Општина Петров.

Во однос на забелешката на ВМРО-ДПМНЕ дека „согласно Уставот, локалните избори треба да се одржат до средината на месец октомври”, Шилегов оцени дека станува збор за обид за проблематизирање на изборите.

– Мислам дека повеќе станува збор за изговори со обид да се проблематизираат локалните избори, имајќи во предвид дека и на ДПМНЕ му е јасно дека особено во Скопје нема што да бара на изборите, нагласи Шилегов. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот