Шилегов: Почнавме одеднаш зашто улиците беа очајни! (ВИДЕО)

Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје / Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат.

Нема да се согласам дека се работи бавно, напротив работиме со голем интензитет, и очекувам дека викендов ќе завршат градежните работи на улицата Благоја Стевковски, рече Шилегов.

Булеварите Александар Македонски, 8 Септември, Србија, Видое Смилевски-Бато, АСНОМ, улиците Благоја Стефковски, Никола Карев, Лазар Личеноски, Џон Кенеди и Есенинова се локациите каде истовремено се врши реконструкција на коловозот.

Градежните зафати го отежнаа движењето на сообраќајот, што пак, наиде на нетрпеливост кај граѓаните. Градот Скопје неодамна излезе со решение за избегнување на метежот во главниот град, нудејќи ја како алтернатива обиколницата и влезовите во Скопје од Радишани и Волково. Тоа па, предизвика негодување кај дел од јавноста.

Зошто Градот одлучи истовремено да реконструира повеќе улици во Скопје, денеска го прашавме градоначалникот Петре Шилегов.

-Моравме да почнавме интензивно да работиме на улиците на кои долги години никој не работел. Нема да се согласам дека се работи бавно, напротив работиме со голем интензитет, и очекувам дека викендов ќе завршат градежните работи на улицата Благоја Стевковски, рече Шилегов.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот