Шилегов: Побарав од Беџети само да се сруши платформата која почна да се гради годинава

фото: Слободен печат

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, во врска со обвинувањето од неговиот колега, градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, дека врз него се вршело притисок за да се урне само една од трите платформи на Матка, со цел да се замачкаат очите на јавноста, рече дека тврдењето на Беџети е делумно точно.

– Јас побарав да се сруши платформата која што беше започната да се гради годинава, а за која градоначалникот на Сарај тврдеше дека е постоечка и дека се врши реконструкција. Всушност, реакцијата на јавноста, реакцијата на скопјани, беа токму за градењето на таа предметна платформа, а гледам дека се проширува. Поради тоа го повикав Беџети кај мене во кабинет и од него побарав предметната платформа да биде предмет на рушење. Тој изјави дека и останатите две се дивоградби. Ние немаме никакви ингеренции за дивоградбите, каков е статусот на останатите две платформи во езерото Матка ми е непознат. Тогаш како градоначалник на Скопје изреагирава на тоа што сите во тој момент реагираа – рече Шилегов на денешната прес конференција.

Беџети денеска обвини дека врз него се вршел политички притисок од страна на СДСМ.

– Доколку е личен впечаток на Беџети, веројатно ќе треба него лично да го прашате. За мене не е политички притисок од страна на СДСМ или од градоначалникот на Скопје да побара владеење на правото и недозволување на дивеење во Кањонот Матка. Нешто што започна на почетокот на оваа година и за жал беше дозволено од администрацијата на Општина Сарај – додаде Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот