Шилегов: Петровска беше презадоволна од работата на градот и инспекторатот, ќе биде предизвик да си ги размениме мислењата

Петре Шилегов
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов/ Фото: МИА

Од позициите што Ана Петровска ги имаше во Министерството за животна средина и државниот инспекторат, беше презадоволна од работата и функционирањето како на градот така и на Инспекторатот за животна средина, изјави градоначалникот Петре Шилегов, по информацијата дека поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Зелен хуман град” на претстојните локални избори.

– Во демократска држава како што е нашата, правото да се бира и да се биде биран е неприкосновено право на секој граѓанин, она што го знам имајќи предвид дека позициите кои што ги има Петровска во Министерството за животна средина и во Државниот инспекторат за животна средина, таа беше презадоволна од работата, истакна Шилегов во изјавата за медиумите кај велосипедската патека на булеварот „Александар Македонски“.

Тој рече дека доколку Петровска имала некаков приговор требало да го истакне во перидот кога имале добра соработка, како и дека ќе биде предизвик во изборната кампања да се слушнат нејзините размислувања.

– Да, ќе биде предизвик да се чујат нејзините размислења, бидејќи доколу имала приговор зошто тој приговор не го истакнала во фазата кога имавме многу добро соработувавме, ќе потсетам дека за поморот на Вардар и загадувањето од страна на Железара, градскиот, а не државниот инспекторат излезе, исто и за медицинскиот отпад, борбата со Дрисла ја добивме ние не ја доби државниот инспекторат, така да ќе биде предизвик да во кампањата ги размениме милењата токму од оваа позиција, заклучи Шилегов.

Извор: МИА

Ана Петровска, кандидат на „Зелен хуман град“ за градоначалник на Скопје: Да ги направиме оние промени кои граѓаните толку желно ги очекуваат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот