Шилегов: Од понеделник повторно прскање против комарци, секоја дезинсекција е под надзор на ЦЈЗ

Од понеделник ќе се врши терестрична дезинсекција на подрачјето на Градот Скопје против возрасни форми на комарци. Оваа дезинсекција ќе почне на 31 август и ќе заврши најдоцна до петок, 4 септември. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, прскањето ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Како што истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешниот брифинг со новинарите, годинава е прскано во пет наврати. Секое прскање со хемија е штетно, и поради тоа посочи дека не може да се врши толку често.

Според него, годинашната експанзија на комарци во август се должи на највлажниот август во изминативе 50 години. Проблемот е регионален и треба да се вклучат сите засегнати страни.

– Претходно немавме проблем до толкава мера. Сепак мора најмалку десат дена да поминат додека повторно да се изврши прскање против комарците поради тоа е што е штетно за здравјето на луѓето. Сепак, очекувањата се дека конечно ќе се реши проблемот, рече Шилегов.

Тој информира дека Градот Скопје не е надлежен да врши запрашување против комарци на своја рака, туку тоа се прави координирано си останатите институции, а се е под надзор на Центарот за јавно здравје.

-Во јануари секоја година добиваме извештај од Центарот за јавно здравје по кој се раководиме во однос на прскањето, кои се места кои треба да се мапираат. Градот ова не го прави сам на своја рака, туку во координација со повеќе институции. Се е под надзор на Центарот за јавно здравје. Целото запрашување е координиарно меѓу повеќе институции, ние не можеме да излегуваме надвор од тие насоки коки ги добиваме од Центарот за јавно здравје. Самата постапка на запршаување е под надзор на Центарот за јавно здравје, претставници на Центарот, не можеме да правиме импровизација, бидејќи ова директно ги засега 700 илјади жители на скопската котлина, додаде градоначалникот.

Шилегов појасни дека Градот Скопје функционира исклучиво во рамките на свои административни граници, но во делот под ингеренции на останатите општини, како што појасни, има несериозен однос, и немаат спроведено ниту едно запрашување годинава.

– Ние како Град Скопје може да функционираме исклучиво во рамки на административни граници, но од општините кои се дел од скопската котлина, ниту една годинава нема спроведено ниту еднаш запрашување, тоа се Сопиште, Арачиново.. општини кои се природен дел од градот, но не учествуваат активно во оваа битка која ја кренавме заеднички, што значи дека токму затоа нашата битка е осудена на парцијален успех, додаде Шилегов.

Николина Соколовска од Центарот за јавно здравје денеска на брифингот посочи дека ниту една од овие мерки не ги уништува комарците целосно, туку само ги сузбива односно ги намалува.

Соколска појасни дека сите општини, и градски и приградски мора да се централизираат за да се реши проблемот. Мора да работат координирано сите засегнати страни.

– Комарец лета од 5 до 50 километри на ден. Ние ќе имаме проблем се додека во целост сите заедничкки навремено не си ги обавуваат своите обврски, односно сите општини и градски и приградски. Мора централизирано да се решаваат проблемите. Ние како Центар за јавно здравје до сите општини доставуваме елаборати, до 31 јануари и тоа го планираат на Совет буџетот да се спроведе, но до тука е нашата обврска, рече Соколовска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот