Шилегов: Очекувам победа уште во првиот круг

Петре Шилегов / Фото: Фејсбук

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов денеска на изборното место во населбата Тафталиџе го оствари правото на глас на локалните избори.

Денеска е празник за демократијата во Северна Македонија, празник за демократијата во Скопје и скопските општини. Заедно со своето семејство денеска ја исполнив својата граѓанска должност и обврска да го дадам својот глас, порача Шилегов, актуелен и кандидат за градоначалник на коалицијата „Најдоброто за мојата општина”.

Тој додаде дека кампањата поминала мирно, достоинствено и европски и оти очекува да заврши така.

Бидејќи одзивот е во рамки на тоа што го очекуваме, очекувам победа уште во првиот круг затоа што во самата кампања скопјани можеа да препознаат кои се луѓето коишто го водат овој град напред, изјави Шилегов

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје додаде дека во изминатите четири години направен е континуитет за развој на градот во една европска метропола и граѓаните ќе го одберат и на овие избори.

Извор: МИА

Зелен Хуман Град: На наш набљудувач не му дозволија да влезе на избирачко место

ВИДЕО | Алијанса и Алтернатива: Таравари моментално води пред Бејта

ВМРО-ДПМНЕ: Регистрирани многу нерегуларности, поднесовме пријави до ДИК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот