Шилегов: Нови дрвореди во Клинички центар и на Партизанска (ГАЛЕРИЈА)

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави повеќе фотографии од новиот изглед на дрворедите во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Освен дрворедите, градските власти ги обновија сите улици и тротоари во Клинички, а се прошируваат сите локации кои ќе овозможат зголемен број на паркинг места.

    

Исто така, од Град Скопје објавија фотографии на социјалните мрежи дека нивните екипи изминативе денови работат на формирање нов дрворед на бул. Партизански одреди, кај Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.

На оваа локација ќе се засадат 8 здрави висококвалитетни садници од видот даб, информираат од Град Скопје.



Пред неколку дена беше откриен и новиот изглед на скопскиот плоштад. Погледнете ја галеријата ТУКА.

Градскиот плоштад во Скопје доби поинаков изглед (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот