Шилегов: Непрописното паркирање во Чаир ќе се санкционира како и секаде во Скопје

Пaркирањето во Чаир ќе се одвива, како и насекаде во Скопје, ќе се паркира само каде што е дозволено. Ако гледаме дека тоа не се почитува, се поставиме физички препреки, односно столбчиња. Зошто тоа што се случува насекаде во градот, да не почне да се случува и во општина Чаир? Јас инсистирам на тие вредности, мора да смениме некои навики, за да добиеме пристојно место за живеење, рече Шилегов. 

Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на Улицата Џон Кенеди, во општината Чаир, на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот Христијан Тодоровски Карпош. На оваа делница во наредниот период ќе бидат изградени и велосипедски патеки, ќе се заменат оштетените рабници и ќе се изврши нивелација на постојните шахти и сливници, на должина од 1.123 метри.
По реконструкцијата, улицата Џон Кенеди ќе биде 5-та сообраќајница на подрачјето на Чаир со оформени велосипедски патеки, по улиците Ќемал Сејфула и Втора македонска бригада и булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина.
За да се обезбеди безбедност на велосипедистите и пешаците, Градот ќе постави заштитни столбчиња.
– Пaркирањето во Чаир ќе се одвива, како и насекаде во Скопје, ќе се паркира само каде што е дозволено. Ако гледаме дека тоа не се почитува, се поставиме физички препреки, односно столбчиња. Зошто тоа што се случува насекаде во градот, да не почне да се случува и во општина Чаир? Јас инсистирам на тие вредности, мора да смениме некои навики, за да добиеме пристојно место за живеење, рече Шилегов.
– Добиваме позитивни реакции од граѓаните од северниот дел на Скопје, покрај реконструкцијата на улицата Џон Кенеди наредната недела ќе почнеме со обнова и на улицата Македонско-косовска бригада. Веќе е изграден булеварот Христијан Тодоровски Карпош, се гради булеварот
Босна и Херцеговина, а изграден е и кружен тек во Чаир – со една цел, како стратегија на градот, да обезбедиме рамномерен развој на инфраструктурата зашто овој дел од Скопје бил надвор од плановите за какво било дејствување. Кога е инфраструктурата во прашање сите граѓани
на Скопје треба да имаат исти услови – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Вредноста на проектот за обнова на улицата Џон Кенеди изнесува околу 25,8
милиони денари, а рокот на изведба е 40 дена.
Шилегов упати апел до граѓаните да покажат трпение додека се изведуваат
градежните работи на оваа делница и да го почитуваат воведениот привремен
сообраќаен режим.
На почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Џон Кенеди
денеска присуствуваше и заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот