Шилегов: Не сум ја навредил Арсовска, на дебати не доаѓа за да не ѝ ги разобличам флоскулите

Петре Шилегов и Данела Арсовска / Фото: Фејсбук, Петре Шилегов, Данела Арсовска

Скопскиот градоначалник и кандидат на СДСМ за нов мандат, во вечерашното гостување на ТВ Телма изјави дека тоа што неговата противкандидатка Данела Арсовска одбива да се појави на дебата со него во пресрет на вториот круг од локалните избори, не е поради тоа што е навредена, како што тврди таа, туку дека „во штабот на Арсовска се сериозно свесни дека кога доаѓаме тет-а-тет, целосно ќе се разобличи тоа што како флоскули се наведува во кампањата.

Арсовска вчера одби да се појави на телевизиски дуел против Шилегов, со образложение дека тој прво треба да ѝ се извини поради „лагите кои ги објавил за неа во кампањата“.

Шилегов запраша:„Ако причината била навреда, тогаш зошто Арсовска во првиот круг, кога можеше да се скрие позади десет други кандидати, присуствуваше на дебатите?“

– Со ништо не сум ја навредил, категоричен е Шилегов.

„Не одлучив да прифатам дуел, туку се одлучив за интервју поради тоа што го повикав градоначалникот Шилегов да ми се извини за личните навреди, но се уште не го стори тоа“, рече вчера Арсовска, исто така гостувајќи на Телма.

Таа додаде: „Доколку Шилегов се одважи да се извини во наредните денови, ние ќе имаме дуел уште истиот ден. Не е страв, туку барам извинувања“.

Арсовска и Шилегов во недела ќе се борат за градоначалничката позиција во Скопје во вториот круг, откако по првиот, кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ освои околу 8.000 гласа повеќе од актуелниот градоначалник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот