Шилегов: Напуштениот резбан мебел од поранешно Матично ќе биде поставен во Соборниот храм

Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје / Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека напуштениот резбан мебел во поранешно Матично, ќе биде даден на МПЦ за да се постави во Соборниот храм.

„Денеска имав телефонски разговор со градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и архепискипот на МПЦ ОА г.г. Стефан.

Се усогласивме да напуштениот резбан мебел во поранешното Матично, откако ќе биде репариран, биде даде на МПЦ ОА, која ќе го постави во просторија во рамките на Соборниот храм св. Климент Охридски во Скопје, која што ќе послужи како просторија во која ќе може да се склучи граѓански брак.

Благодарност до МОЦ ОА, благодарност до градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ и до семејството на познатиот резбар Нестор Алексиев Мирчевски, што ова богатство повторно ќе го ставиме во функција.“, изјави Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот