Шилегов: На добар пат сме за сериозно стратешко решавање на проблемите со загадувањето

Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје / Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат.

Сведоци сме дека немаме некоја посериозна загаденост на почетокот на грејната сезона, напротив деновите се во рамки на нормалата на загадување, рече денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

– Она што мене ме радува е дека ние сме сериозно отидени напред на стратешко решавање на проблемите. Денеска веќе го добив драфтот на договорот со ЕБРД за организирање на новиот јавен превоз во нашиот град и очекувам дека пред нова година тоа ќе биде завршено со цел да влеземе во негова имплементација. Од тој аспект гледано мислам дека сме на добар пат да влеземе во сериозно стратешко решавање, посочи Шилегов одговарајќи на новинарско прашање дали се предвидуваат интерветни мерки за загадувањето на воздухот.

Не постои, вели тој, град во Европа кој на своите граѓани им дава стопостотно субвенционирање на пет илјади инвертер клими.

– Тоа е единствено градот Скопје и останати три града кои со донација од ЕЛЕМ и од Владата тоа го направивме. Поинтервентна мерка од тој аспект гледано не можете да добиете, ниту да имплементирате. Нема некој кој стопостотно го покрива трошокот на вашето грејно тело. Сето тоа дава резултати кои се видливи во форма на помал број на загадени денови и тоа е така. Така што мислам дека до тој сегмент и во тој дел полека полека успеваме да ја добиеме битката, потенцира Шилегов.

Додаде дека интерентни мерки по однос на загадувањето цело време се преземаат и оти оваа гарнитура на градоначалници на територија на градот Скопје има преземено 27 интервентни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот