Шилегов му порача на Неловски: Вардар може да биде вратен на градот само без долгови, најдете два милиони евра за да го спасиме клубот (ВИДЕО)

Фото: МИА

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, во дебатната емисија „Клик плус“ на ТВ 21 зборуваше за актуелната состојба во најтрофејниот македонски фудбалски колектив, ФК Вардар.

Шилегов му одговори на поранешниот фудбалер Владимир Неловски, кој е член на ВМРО ДПМНЕ, дека Градот може да го презеде раководењето со клубот од Сергеј Самсоненко само како што е пропишано во договорот, со чиста сметка, а не со долгови од два милиони евра.

– Во овој момент она што јас го имам како сознание е дека фудбалскиот клуб Вардар е должен, односно фудбалскиот клуб на сопственикот е должен и има обврски над два милиони евра. Што неисплатени плати, што неисплатени други работи, сега да не навлегуваме во таа анализа. Секој добар совет кој што ќе значи влез на два милиони евра во фудбалскиот клуб Вардар, јас ќе го прифатам. Ако Вие имате начин да ми кажете како да му се помогне на Сергеј Самсоненко и да му бидат дадени два милиони евра да го спасиме Вардар, јас сум прв што ќе ви ја пружи раката. Еве ви го предизвикот. Да помогнеме на Вардар, се сложувам. Ама најдете два милиони евра да му помогнеме – рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот