Шилегов контра Заев: Не се согласувам дека бугарската војска била администрација во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска рече дека не се согласува со изјавата на премиерот Зоран Заев дека Бугарите го ослободиле Скопје и дека биле администрација за време на Втората светска војна.

-Јас немам двојба, Бугарската војска во Македонија како окупаторска е дојдена пролетта 1941 година и како таква останува тука до моментот на капитулацијата на Бугарија во 1944 година. Потоа се трансформирала и учествувала во борбите за ослободување и на територијата на сегашна Северна Македонија и на тогашна Југославија, рече Шилегов.

Во врска со изјавата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски, дека треба да се свика централниот одбор на партијата, тој рече дека секој има право да го каже својот став.

-Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е една од најдемократските партии. Секој има право да го каже својот став независно дали јавно или внатре во самата партија, вклучително и поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Процесот со Бугарија за пристапување на нашата држава кон Европската Унија е се уште активен. Јас сум многу свесен дека на двете страни постојат луѓе кои што не сакаат тој договор да успее и луѓе кои со ситни политички провокации ја дразнат јавноста и на едната и на другата страна. Не треба политичарите да ја толкуваат историјата, наше е да обезбедиме извесна сегашност и иднина на нашите граѓани. Примарна цел на Северна Македонија е да ги започне преговорите за полноправно членство во Европската Унија, потенцира Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот