Шилегов – Трајановски: Брзоплетите решенија не водат до квалитет

Сегашниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и поранешниот Коце Трајановски, вечерва имаат дуел во „Само вистина“ на „Канал 5“ Телевизија.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски истакна дека го немало во јавноста за да му остави простор на Шилегов да си направи стратегија.

-Овие две години беа доволен период да се вклучам повторно во политиката, оставив простор да се посветам на семејството, а и да му оставам простор на Шилегов да направи стратегија- вели Коце.

Шилегов уште на самиот почеток напомена дека одговорноста која ја има пред граѓаните е многу голема за градот Скопје да биде тоа што очекуваат и заслужуваат граѓаните на овој Град.

-Граѓаните се сведоци на еден нов пристап, на нови политики на Град Скопје, кои што не се едноставни за имплементација. Брзоплетите решенија не водат до работи коишто едноставно подоцна нема да дадат квалитет: Во Скопје после долги години, да не речам, децении почнавме да работиме навечер, тоа порано го немаше-рече  Шилегов.

Бидете среќни што се завршиле после мене, му реплицираше Коце на Шилегов.

-Да бевте градоначалник во 2009 година, да имавте јавни претпријатија кои што должат 18 милиони евра. Да ја имавте ЈСП којашто нема исправен автобус, повеќе од 25 години, да ја имавте Комунална хигиена со возила постари од 25 години. Во тој случај ќе се запрашавте како да работите понатаму- рече Коце.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот