Шилегов ќе прави забавен парк, каков што нема во регионот

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на отчетот пред јавноста рече дека е прифатена студија за нов забавен парк. Cпоред најавите на градскиот татко, таков парк ќе нема во ниту една земја во регионот.

– Прифатена е студија за забавен парк. Ќе заврши до летото 2021 година. И таков парк ќе нема во регионот – рече Шилегов на отчетот.

Скопскиот градоначалник најавува дека ќе го пошумува Водно, низ скопските улици и нови 400 дрва.

– Од Палас до Влада, ќе бидат засадени 400 дрва, високи 14 метри. Во соработка со Шумарски факултет, направивме студија да го пошумиме Водно. Посебно каде што беа исечени дрва за гасоводот – рече Шилегов.

Тој даде ветување и до нервозните возачи, во иднина нема да има гужви во строгиот центар на градот.

– Целосна трансформација на транспортот во малиот ринг. Ќе биде завршена до крајот на манадот. Автобуските постојки какви ги познаваме ќе ги нема. А, во центарот на градот ќе нема сообраќај. До нова година ќе почнеме да го градиме трамвајот – уверува Шилегов.

Градскиот татко гледа евентуална одговорност на загадувачи кај корисниците кои не се приклучени на градската мрежа за греење, зашто не се знае како се загреваат. Со функционирањето на Градскиот енергетски систем, вели Шилегов, ќе се намали загадувањето.

– ГЕС е во фаза на преземање на снабдувањето на мрежата. Ќе ја направиме достапна за сите. Околу 15.000 домови се исклучени од мрежата. Ние не знаеме како тие се загреваат. Можно е да се тие загадувачите. Ќе ги спојам трите топловодни мрежи. Од приходите на ГЕС ќе нудиме социјални пакети. ГЕС ќе го намали загадувањето преку овозможување на сите граѓани да се приклучат. До сега само 27 отсто од Скооје е приклучено на топловодна мрежа, а од приходот кој ќе го остварува ќе им дава можност на сиромашните да се прикличат – рече градоначалникот на Скопје.

Адреналински парк ќе има до другото лето, најави тој.

Петре Шилегов две години раководи со Скопје, тој во октомври 2017 година, ја презеде градоначалничката функција од претходникот Коце Трајановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот