Шилегов ќе ги топли скопјани од 2020

Формалностите за изградбата и пуштање во употреба на топловодната мрежа се разрешени, правото на користење од „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) се пренесе на Град Скопје, рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната седница на Советот на Град Скопје.

– Топловодната мрежа во Скопје беше дивоградба. Лани беа изработени 19 елаборати, по што мрежата се легализираше. Откако Владата ја пренесе сопственоста на мрежата, веќе во ноември очекуваме да добиеме лиценца за дистрибуција, а кон почетокот на наредната година и за снабдување со топлинска енергија – објасни Шилегов пред советниците.

Во меѓувреме, Градот го формираше и новото претпријатие „Градски енергетски системи“, кое според кажувањата на Шилегов ќе биде и носител на гасификацијата на Скопје.

Токму пренесувањето на топловодната мрежа во сопственост на Град Скопје, според првиот човек на градот, ќе биде можност на граѓаните да им се понуди поевтино парно греење, со што би се стимулирале граѓаните да се приклучат на мрежата на „Градски енергетски системи“. Тоа пак, според очекувањата на Шилегов, ќе придонесе во намалување на аерозагадувањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот