Шилегов ќе ги сели градските административци во зградата на ЕЛЕМ?

Искинатите платна на зградата на ЕЛЕМ го расипуваат погледот од новоотворената тераса на зелениот покрив на ГТЦ. Фасадата која требаше да се направи во 2014 година, и да биде во стилот на проектот „Скопје 2014“, престана да се гради, поради, како што тогаш информираше ЕВН, лошиот квалитет.

Фото: Слободен печат/ Д. Митрески

До кога оваа разрушена фасада ќе го нагрдува центарот на метрополата, го прашавме градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Во моментов, објектот на поранешно Електростопанство на Македонија е во сопственост на ЕВН и ЕЛЕМ, не е на Град Скопје, и тие согласно обврските што ги имаат, треба да ја уредат зградата и фасадата. Јас инсистирам да се врати што пооргиналниот лик на таа зграда. Очекувам дека многу бргу ќе биде објавен повик, затоа што ги имаат надминато правните проблеми што ги имаа со претходниот изведувач, градежното претпријатие „Бетон“, и во истиот момент кога ќе се прекине тој договор, на за среќа неизградената барокна фасада, веројатно ќе има јавен конкурс за изгледот на новата фасада – ни одговори Шилегов.

Прочитајте и...  Конкурс за избор на дизајни за кампањата за енергетска ефикасност на Град Скопје

Што се однесува на шпекулациите дека токму во тој објект ќе се сели градската администрација, Шилегов рече дека немаат донесено никаква одлука, но не ја отфрли информацијата како неточна.

– Градот се уште нема донесено одлука за преместување на администрацијата. Кога таа одлука ќе биде донесена, ќе биде транспарентна, бидејќи се носи на Совет, и тогаш ќе можеме да зборуваме каде Градот административно ќе се сели, во секој случај тоа е активен процес, којшто многу брзо ќе се случува – објасни Шилегов.

Имено, откако Градот донесе одлука да ја продаде Градската куќа под Кале, единствениот учесник на аукцијата била компанијата ЕВН која за објектот понудила 12,7 милиони евра што беше и побарувана цена од Градот Скопје.

Прочитајте и...  Пресметка во Сараево: Маж избоден до смрт, а неговата сопруга е повредена, иако не учествувале во расправијата

Желбата на Шилегов, според неговите изјави, е градската администрација да биде лоцирана во строгиот центар на градот, што ја отвора можност Град Скопје да ја купи старата зграда на ЕВН, која е на продажба.

Зградата на ЕВН е со површина од 2.650 метри квадратни деловни простории, распоредени на приземје и пет ката, 760 квадрати двор и 690 квадратни метри земјиште под зграда.

И Пелагонија остана без фасада

Покрај зградата на ЕВН, без фасада остана и зградата Пелагонија.

Причините за тоа Шилегов ги гледа во несогласувањето со сопственикот на зградата, околу изгледот на фасадата.

– Не успеваме со сопственикот на Пелагонија да изнајдеме заедничко прифатливо решение за изгледот на самиот објект. Некаде сме при крајот со разговорите за идејно решение по што ќе можеме да влеземе во имплементација на таа фасада и очекувам паралелно двата објекти да добијат нова фасада – вели Шилегов.

Прочитајте и...  Ахмети разочаран: Сега средба нека свикаат оние кои не дојдоа

Прочитај повеќе

Во Албанија за 10 дена – 1.714 новозаразени со Ковид-19

МИА Агенција

Помпео во Виена, правата средба закажана со Курц

Слободен печат

Синот на Хашим Тачи повреден во сообраќајна несреќа на Косово

Слободен печат

Адеми: Во училиштата каде има мал број на ученици, наставата може да се одвива со физичко присуство

Слободен печат

Припадник на ИД уапсен во Турција, имал кај него и самоубиствен елек, планирал напад на полициска станица

Слободен печат

На протестите во Етиопија убиени најмалку 17 лица, меѓу нив и деца

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Трамп за историското воспоставување дипломатски односи меѓу Израел и ОАЕ: Огромен напредок

Слободен печат

Дачиќ: Белград нема да се меша, азербејџанскот амбасадор во Србија не е уапсен овде

МИА Агенција

Во Бугарија антивладини протести 36-ти ден по ред (ВИДЕО)

Слободен печат

Тензично во Минск: Полицијата ги затвори приодите кон Плоштадот на независноста, илјадници демонстранти се на улиците (ВИДЕО)

Слободен печат

Хрватска меѓу водечките извозници на коронавирусот во Германија, Македонија на 10. место

Слободен печат

Регистриран земјотрес во пехчевското епицентрално подрачје

Слободен печат