Шилегов: Како резултат на силното вложување во Чаир, цените на становите растат и ќе продолжат да растат

Шилегов во Чаир ветува зголемување на цените на становите/ Фото: Фејсбук

Како резултат на силното вложување во Чаир и северниот дел од градот цените на становите растат и ќе продолжат да растат. Се развиваат општините од оваа страна на реката Вардар и се отвораат нови можности за инвестиции и вработувања, објави градоначалникот на Скопје на свотјот профил на фејсбук.

-Град кој вложува подеднакво без разлика каде живеете и кој јазик го зборувате. Без разлика дали сте од едната или другата страна на Вардар. Тоа е така затоа што јас силно верувам дека само обединето, сплотено Скопје може да биде добро место за живеење. Барам поддршка да го продолжиме ова, барам поддршка да не ги вратиме никогаш поделбите во кои живеевме со години, напиша тој во својата објава.

Скопје е град за сите. Во изминатите години Скопје прв пат по повеќе децении се развива рамномерно во сите општини, во секоја населба, во секое маало. Затоа во Чаир во изминатите четири години во развојот на инфраструктурата вложивме многу, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, при посета на Старата скопска чаршија.

Во ова прилика тој истакна дека во изминатите четири години ги реконструирале „Македонско-косовска бригада”, „Џон Кенеди” и „Кемал Сејфула”.

– Затоа ги направивме новите кружни текови, првите велопатеки во Чаир, затоа ги изградивме булеварите БиХ и Христијан Тодоровски – Карпош, затоа ги реконструиравме чаирските средни училишта, за Чаир повторно да стане дел од нашиот град, рече градоначалникот Шилегов на заедничката прес-конференција со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот