Шилегов: Извесен е влезот на Алтернатива во Владата, не знам дали ќе се дискутира за оставката на Заев

Петре Шилегов
Петре Шилегов / Фото: Скриншот, Јутјуб

Членот на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ Петре Шилегов пред почетокот на седницата на ЦО на партијата изјави декане знае дали ќе се расправа за оставката на премиерот Зоран Заев, туку, како што рече, треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата.

Според него, тоа е извесно да се случи и како што кажа, очекува тоа да биде примарно на дебатата и формирањето на Владата.

– Многу состојби ќе дискутираме, ковид, енерегетската и политичката состојба во државата потоа ќе донесеме соодветни одлуки. Не знам дали ќе се расправа за оставката на лидерот Зоран Заев. Ова е редовна седница која беше закажана во вторникот меѓутоа се одложи поради немилите настани во Бугарија, изјави Шилегов.

Извор: МИА

Видео на денот