Шилегов: Инвестираме над 52 милиони денари во реконструкција на средното училиште Кочо Рацин

Шилегов во посета на населбите Дексион и Кисела Јабука/ Фото: Фејсбук

Инвестираме над 52 милиони денари во реконструкција на средното училиште Кочо Рацин која ја започнавме годинава. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница, напиша градоначалникот Петре Шилегов.

-Започнавме и со реконструкција на улицата Лука Геров како главна сообраќајна артерија во населбата Даме Груев, а речиси секојдневно ја користат жителите на Ново Село, Волково, Кисела Јабука и Кучково. Реконструкцијата на оваа улица предвидено е да заврши до крајот на годинава. Ги расчистуваме дивите депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Ѓорче Петров.Во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници, напиша тој во својата објава на фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот