15.8 C
Скопје

Шилегов: Има заинтересираност за Вардар, но Самсоненко мора да најде начин да ги врати долговите

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов уште еднаш изјави дека нема намера да го преземе Вардар се додека не бидат подмирени милионските долгови.

Поранешниот сопственик на Вардар, Сергеј Самсоненко направи долг од дури 3.5 милиони евра по што си замина од клубот, а овој долг е главната пречка за заинтересираните финансиери за влезат во најтрофејниот македонски фудбалски колектив во Македонија.
– Вардар си е приватен клуб. И некој кога одлучил да го продаде пред седум години требало да најде механизам како да се покријат долговите во еден ваков случај. Град Скопје во една ваква ситуација не може да преземе приватен клуб со долг од 3,5 милиони евра – изјави Шилегов за ТВ Сител.

Според градоначалникот, во игра за преземење на Вардар се катарски инвеститори кои сè уште се заинтересирани за „црвено-црните“, но Градот не прифаќа да го презеде раководењето со клубот се додека има долгови. Имено, при потпишувањето на договорот помеѓу град Скопје и Сергеј Самсоненко при преземањето на клубот, Русинот се обврза да го врати клубот на градот без никакви долгови. Сега, тој повторно нуди гаранции дека долговите ќе ги отплати до крајот на годината, но така беше и минатата. Имено, кога минатата година Самсоненко се откажа од Вардар вети дека сите долгови ќе ги подмири до 31 декември 2020 година, но откако помина тој рок, даде ново ветување дека до крајот на февруари ќе го стори истото, но и тој не го почитуваше. Сега новото ветување е крајот на оваа година.

– Инвестицијата од Катар не е затворено прашање. Но, за да се заокружи и тој процес треба да добиеме гаранција за враќање на средствата од актуелното раководство – вели Шилегов.

Поврзани вести

Падобранецот на „Гринпис“едвај спасил жива глава, снајперисти го имале на нишан

Слободен печат

Ламело Бол е дебитант на годината во НБА

Слободен печат

Навивачка љубов: „Фалангата“ и украинските фанови заедно во Букурешт

Слободен печат

ВИДЕО: Италија ја суреди Швајцарија и се пласира во осминафиналето

Слободен печат

ФОТО: Јокиќ се врати во родниот Сомбор и веднаш седна во едносед

Слободен печат

Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

Слободен печат

Остави Коментар