Шилегов и Вуковиќ го посетија новиот мост на булеварот АСНОМ

Градоначалникот Петре Шилегов бо посета на градилиштето на мостот на бул. АСНОМ / Фото: МИА

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и градоначалникот на Подгорица Иван Вуковиќ, кој престојува во дводневна посета на Скопје, денеска го посетија новиот мост на булеварот АСНОМ кој е во завршна фаза на изградба.

Новиот премин преку Вардар ги поврзува улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром со улицата „Индустриска“ во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри.

Самиот мост е долг 150 метри, со шест коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со овој нов мост кој е модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје.

-Булеварот АСНОМ се гради и пробива и низ населбата Ќерамидница, кон Аеродром. Со довршувањето на булевар АСНОМ, граѓаните на Аеродром и Ново Лисиче ќе имаат уште едно поврзување со центарот на градот. И на булеварот АСНОМ, како и на новиот мост, се предвидени велосипедски патеки, а по него ќе се движат и нови автобуски линии, велат од Град Скопје.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот