Шилегов и Богоев бараат да не се казнува Пендаровски за туѓи грешки

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за лошиот резултат на претседателските избори вели дека пораката од граѓаните е примена и дека таа допира до секој кој е избран од граѓаните да врши јавна функција.

– Секој кој е избран од граѓаните и врши јавна функција мора да чувствува одговорност. Започнат е  процес на утврдување на одговорноста, после изборите ќе се утврдува одговорноста. Ова е период во кој треба да се фокусираме на локалните проблеми, чувствувам одговорност кон граѓаните, но наша работа е да ги отвориме процесите што долго биле запоставувани и да ги решиме – рече Шилегов.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, појасни дека претседателскиот кандидат Стево Пендаровски победил на гласањето во оваа општина, иако со помал број гласови.

-Ова е порака од граѓаните дека некои проекти и ветувања што сме ги дале треба подинамично да ги остваруваме. Ваквите пораки од граѓаните најдиректно и најсериозно се сфаќаат и ако некој смета дека јас, Стефан Богоев, нешто не сум направил, или треба нешто поприоритетно да се направи, нека каже, тука сме. Нема потреба за тоа да се казнува претседателскиот кандидат, кој гарантира дека ќе се оди напред. Извршната власт на локално, градско и централно ниво ја сфати пораката од граѓаните – рече Богоев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот