Шилегов: „Големата сензација” на ДПМНЕ, затоа државата ни е на ова дереџе

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил ги објави теренските возила кои сега се користат за потребите на депонијата Дрисла и објави фотографии од службеното возило што го користел поранешниот директор на депонијата, а го користи и сегашниот.

Оваа негова објава следува откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Петре Шилегов и директорот на депонијата Дрисла, Коста Начевски дека среде криза планираат да купуваат три нови џипови.

Шилегов вели дека ќе набават три теренски возила за редовно работење.

Во врска со “големата сензација”, “аудио бомбата”, на советничка група на ДПМНЕ во Советот на Град Скопје:

1. На фотографиите (првите) се прикажани службеното возило на поранешниот директор на Дрисла, кое го наследивме како возило и за сегашниот директор.

2. На фотографиите (вторите) се прикажани теренските службени возила, наменети за редовното работење на депонијата. Ние набавуваме 3 (три) нови теренски возила за редовнито работење.

3. Вкупната вредност на трите теренски возила изнесува 2.000.000 денари или по нашки, околу една третина од вредноста на возилото на директорот кој што го набавило ДПМНЕ.

-Судете сами за “скандалот” и “бомбата”. Од таквиот ДПМНЕ-овски простотилук, алчност, примитивизам и евтин популизам во политиката, државата ни е на ова дереџе …, напиша Шилегов на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот