Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ (ФОТО)

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм „Синедејс” што синоќа се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на овој култен објект во Скопје.

Фото: Град скопје

– Фестивалот „Синедејс” не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје. Дел од проекциите на фестивалот се одржаа пред поранешните кина Маџари, Влае, Кисела Вода, Напредок. И еве сме, пред еден предизвик. Јас сум спремен, претседателе Пендаровски, како градоначалник да го финансирам проектирањето и ве повикувам вас, заедно да го уредиме овој простор како нов културен простор, а во име на кандидатурата на нашиот град за Европска престолнина на културата во 2028 година. Заеднички, вие како покровител, а јас како реализатор, да отвориме еден нов културен простор како што е покривот каде што вечерва се наоѓаме, истакнал градоначалникот Шилегов, пренесуваат од прес-службата на Град Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦНа затворањето на меѓународниот фестивал на…

Publiée par Град Скопје sur Vendredi 25 septembre 2020

Оттаму посочуваат дека тој изразил убедување оти Градот Скопје ја оправдува довербата на граѓаните кога е во прашање културниот живот во Скопје.

Фото: Град скопје

– Верувам и дека за неколку години од сега со гордост ќе ја носиме титулата Европска престолнина на културата. Особено ми е драго што вечерва се наоѓаме на покривот на култниот објект во нашиот град – Градскиот трговски центар, кој не само што успеавме да го сочуваме од барокното лудило, туку успеавме и да го зазелениме, повторно да го заживееме, а згора на тоа и да го отвориме овој простор за нови културни настани, потенцирал Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот