Шилегов: Гласањето е празник за демократијата

Петре Шилегов / Фото: Фејсбук

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов на СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина” по денешното гласање на избирачкото место во СУГС „Георги Димитров” во Тафталиџе порача дека гласањето е празник за демократијата.

„Гласањето е нешто кога луѓето одлучуваат во кој правец сакаат да се движат, во конкретниот случај градот Скопје. Имајќи предвид дека меѓу двата изборни круга успеавме до граѓаните да допреме со концепт, континуитет и развој на нашиот град. Излезноста е поголема од првиот круг, а јас сум убеден дека Скопјани со масовното излегување ќе одберат градот да се движи во континуитет, развој и храбри потези што заедно ги влечеме и ќе ги почекаме резултатите до вечерва“, изјави Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот