Шилегов ги награди најдобрите средношколци

Градоначалникот Шилегов денеска во Салата на Советот на Град Скопје, им ги додели благодарниците и наградите на најдобрите учениците на скопските регионални натпревари.

– Драги мои средношколци, ми претставува задоволство што денеска сум тука со вас и ја има таа чест да ви ги доделам наградите кои сосема заслужено ги освоивте во рамките на проектот „Училиштето – место за натпревар во знаење“. Ви честитам на постигнатиот успех и ви пожелувам и понатаму во животот да постигнувате вакви успеси користејќи го вашето знаење – рече Шилегов.

Тој додаде дека токму тоа и е целта на оваа потпрограмска активност, односно да се продлабочат знаењата на учениците во одредени научни дисциплини и поттикнување конструктивен натпревар за постигнување повисоки образовни цели.

– Сакам да Ви порачам да го негувате натпреварувачкиот дух и желбата за стекнување нови знаења затоа што тоа се проверени рецепти за успех во животот – им порача Шилегов на средношколците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот