Шилегов: Галиите во Вардар треба да се дислоцираат

Петре Шилегов, Градоначалник на Град Скопје / Фото: Ристе Пејовски/Слободен печат.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов смета дека галиите во реката Вардар треба да се дислоцираат.

-Создадени се правните услови за нивна дислокација и ние почнавме постапка преку надлежен извршител, но, правата кои ги имаат странките во постапките ние не можеме и не треба да ги загрозуваме, рече денеска на прес-конференција градоначалникот Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Градоначалникот Шилегов рече дека во тек е жалбената судска постапка од страна на должниците и очекува дека во најскоро време судот ќе се произнесе.

Шилегов повтори дека неговиот став кон проектот „Скопје 2014″ е непроменет и додаде оти Градот работи на дислокација на уште четири споменици и на дислокација на галии.

Прашан до каде е Деталниот урбанистички план Мал ринг, градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ информира дека испратени се неколку писма до одредени институции и очекуваат овој месец да добијат содветни одговори од нив за да знаат како да постапуваат со места и објекти кои не се во нивни надлежности. Додаде дека се работи за спомен-обележјата на Мајка Тереза, Порта „Македонија”, за фасадите кои треба да се отстранат, за галиите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот