Шилегов: Експертите тврдат дека загадувањето во Скопје е енормно намалено

Загаден воздух во Скопје
Загаден воздух во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Актуелниот и кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов вечерва изјави дека анализите на експертите и бројките тврдат дека е енормно намалено загадувањето на воздухот.

– Ова не значи дека битката или војната со загаденоста е готова, меѓутоа многу битки сме добиле, рече Шилегов.

Посочи дека во овој мандат успеале да ја изработат секундарната гасоводна мрежа и информира дека се создадени условите за терцијална гасификација, т.е. доведување на природниот гас до секој дом.

– Се случи битниот момент да се затвори гасоводниот прстен околу нашиот град, во тек е постапката во Влада на централно ниво бидејќи таму се ингеренциите, за Јавно приватно партнерство за терцијална гасификација добивање на гасоводот до секој дом каде дел од јавното приватно партнерство е и Градот Скопје, рече Шилегов.

Извор: МИА

Скопјани 40 години зборуваат за транспортно решение како БРТ-системот, вели Шилегов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот