Шилегов денеска ќе го разреши директорот на Дрисла

Фото: МИА

Шилегов вчера на прес-конференција го објави дека Депонијата „Дрисла” со решение од Централен регистар станува јавно претпријатие на Град Скопје.

Градоначалниот на Скопје Петре Шилегов денеска во 14 часот ќе ги достави документите до Централен регистер за разрешување на директорот на „Дрисла” Горан Ангеловски.

Шилегов ова го изјави денеска одговарајќи на новинарско прашање и додаде дека ќе назначи в.д. директор на депонијата, но не сакаше да го каже името на новиот директор.

Шилегов вчера на прес-конференција го објави дека Депонијата „Дрисла” со решение од Централен регистар станува јавно претпријатие на Град Скопје.

– Со ова решение од Централен регистар денеска и официјално завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ со која овој моќен градски капацитет беше даден на користење на несоодветни т.н. партнери на градот. Во периодот што следува, за исправноста на работењето на депонијата „Дрисла” ќе одговара Град Скопје и јас лично како ваш градоначалник- рече вчера Шилегов.

По седницата на Советот на Град Скопје закажана за 29 јануари ќе бидат избрани управен и надзорен одбор на сега веќе градското јавно претпријатие за управување со комунален отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот