Шилегов: Дали ќе се отвори кафуле, зависи од ГТЦ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешното отворање на зелениот кров на ГТЦ истакна дека не знае дали во иднина ќе се гради кафуле, бидејќи за тоа треба да одлучи раководството на Градски трговски центар.

– Ние работевме по проектот што беше усвоен, а во кој беше предвидено и кафуле. Поради бурните реакции, одлучивме да го стопираме. Управувањето со нов деловен простор е под капата на ГТЦ, па тоа оди преку оглас и за тоа се зема кирија, како секој друг простор. Доколу тие се одлучат за таков чекор, тоа ќе биде нивна проблематика и ќе оди во деловното работење на самиот ГТЦ – рече Шилегов.

Во првичниот план за изградбата на зелениот покрив на ГТЦ беше предвидено и изградба и на угостителски, но тоа предизвика бурни реакции на социјалните медиуми, по што Градот Скопје се откажа од изградбата на овој објект на зелениот покрив.

Скопје ја доби својата зелена оаза (ФОТО)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот