Шилегов: Да не се палат стрништата, Град Скопје бесплатно ќе собира остатоци од бербата

Фото: МИА

 Градот Скопје ја продолжува кампањата за бесплатно собирање остатоци од берба за да се спречи палењето на стрништата, со  што се заштитува воздухот од загадување. Од Град Скопје информираат дека заинтересираните граѓани може да се јават на телефонскиот број 071 395 395 и да договорат бесплатно подигање на органскиот отпад и наведуваат дека оваа кампања годинава го опфаќа целиот Скопски плански регион.

Викендов, кампањата за бесплатно собирање на остатоците од бербата, за да се спречи палењето на стрништа беше промовирана во општина Сарај. Градоначалникот Шилегов и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети ги повикаа земјоделците од општина Сарај да ја искористат оваа поволност и да побараат бесплатно подигање на остатоците од бербата.

– Станува збор за земјоделски дел од градот и сакаме да им помогнеме на скопските земјоделци да ја загубат навиката за палење на стрништето, но и да добијат ѓубриво како субвенција за предадените остатоци од бербата, рече градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот Беџети упати апел да не се палат стрништата на подрачјето на општината, со цел да се придонесе во борбата против аерозагадувањето.

Градот Скопје, како што стои во соопштението, е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот