Шилегов: Ако општина Чаир го отстрани надвозникот, ние ќе обележиме пешачки премин на Бит пазар

Надвозникот на Бит пазар и покрај апелите на надлежните, останува неискористен. Граѓаните, со полни раце ќеси, го избираат поризичниот, но пократок пат за да стигнат до другата страна на булеварот Крсте Петков Мисирков. Тие буквално претрчуваат преку фрекфентниот булевар на необележан пешачки премин. Со ситуацијата е запознаен и градоначалникот Петре Шилегов кој вели се додека е таму надвозникот, нема опција да се обележи пешачки премин.

– Станува збор за проблематика што треба да ја решиме со општина Чаир, бидејќи се јавува како договорен орган во јавно приватно партнерство во една од фирмите која што го донира пешачкиот мост. За жал, мостот е неупотреблив, а Градот од друга страна нема ниту законска можност, ниту обврска да интервенира бидејќи не станува збор за наша инвестиција. Јас побарав на мостот да му биде поправена инсталацијата за да можат граѓаните да го употребуваат, или општина Чаир да ми даде согласност дека го затвора за да можеме таму да нацртаме пешачки премин. Се надевам дека наскоро ќе добиеме одговор од општина Чаир, рече Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот