Шилегов: Ако барем еден опозициски пратеник седи еден час во Собрание, за 18 месеци ќе ја имаме првата трамвајска линија во Скопје

Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Фото: Слободен печат/Архива

„Зошто пратениците на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Алтернатива и Алијанса не собере храброст и барем еден час да седи во Собранието. Зошто го кочат носењето на законите за локална самоуправа во Собрание, општините на партиите, тие им припаѓаат на граѓаните, а пратениците токму од нив земаат плата“, прашува градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, гостувајќи го емисијата „Само вистина“.

Според него, доволен е само еден пратеник да седне и да се изгласа законот.

„Ако дојде до тоа, за 18 месеци од денес ќе ја имаме првата линија на трамвај од Ново Лисиче до Ѓорче Петров. Тоа нема да биде проект на Шилегов, јас не ги носам проектите од џеб. Ова ќе биде систем на јавен превоз во наредните 50 години. Можам да го замолам спикерот Џафери во четврток да закаже седница, но само еден опозициски пратеник е доволен да седне и да се изгласа законот“, повтори Шилегов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот