Шилегов ѝ порача на Арсовска: Од „Али експрес“ градоначалник не бидува

Петре Шилегов
Петре Шилегов / Фото: МИА

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов, преку објава на Фејсбук ѝ се обрати на неговата наследничка, Данела Арсовска, откако таа денеска не ги повика новинарите на одбележувањето на Светскиот ден на пожарникарите.

„Почитувана (нит моја и верувајте нит било чија) градоначалничка (со мало г) г-ѓо Арсовска: Од не знам кои причини, заради Вашата денешна глупост, ме споменувате во Вашата реакција (а јас, заради нашиот ГРАД упорно ги премолчувам Вашите глупости и Ви молчам 6 месеци). Епа еве вака Ali Express girl: Од Ali Express градоначалник(чка) не бива. Уште помалку се бира… Секој со својот избор (и последиците од него)!

П.С. за протоколот (и надлежната) 😉: 26-ти Јули е ден за протокол во Скопје. Тажен, но е ден. Се викаат делегации, семејства, збратимени градови, Влада, НОВИНАРИ… Ама не можам се’ да ве учам. Како што Ви кажав: од Ali Express 😉 градончалник (чка) не бидува. Џабе се трудите. Толку Ви е нивото. Еве нема да ги спомнам паметот и способноста… Живеј, Ali Express… П.С.С. Какви нови достигнувања за пожарникарите?“, пишува Шилегов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот