Шифрирани пораки доведоа до заплена на 28 тони кокаин во Белгија

Белгиската царинска служба открила тони кокаин во вредност од речиси 1,4 милијарди долари во Антверпен, откако полицијата ги дешифрираше пораките испратени од криминални банди, соопштија властите.

Федералната полиција спроведе двегодишна истрага за организираниот криминал, во која беа вклучени 500 милиони пораки испратени на уредите Sky ECC, продадени од компанијата Sky Global со седиште во Канада, се наведува во соопштението од обвинителството во Антверпен.

Од 20 февруари, на пристаништето во Антверпен се запленети вкупно 27,64 тони кокаин, вклучително и 11 тони пронајдени во контејнер во петокот вечерта.

Кокаинот „може да биде директно поврзан со случајот Sky ECC”, соопштија обвинителите.

Извршниот директор и соработник на Sky Global беа обвинети во САД во март за наводно помагање и промовирање на шверц со дрога.

При истрагата се уапсени 48 лица во Белгија и пронајдено е оружје, полициски униформи и 1,2 милиони евра. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот