Шевченко импресиониран од „рисовите“: Македонија покажа карактер

Украинската легенда Андриј Шевченко за Горан Пандев вели дека е фантастичен играч/Фото: EPA-EFE/Robert Ghement

Украинскиот селектор Андриј Шевченко по натпреварот изјави дека Македонија покажа карактер против неговите фудбалери. Македонија денеска го доживеа и вториот пораз на Евро 2020, овој пат загуби од Украина со 2:1 но одигра одлично второ полувреме.
– Многу е емотивно да си дел од Европско првенство. Рамнотежата на екипата може да се смени во секој момент. Одигравme одлично во прво полувреме, но во вториот дел нашата грешка и подарениот пенал можеше да не чини. Тука дојде нашата нервоза. Имавме неколку шанси да стигнеме до трет гол, но не успеавме да ги искористиме шансите.  Мора да бидеме свесни колку шанси создаваме и како игравме во нападот. Мислам дека Украина е добра офанзивна репрезентација и тоа го покажа денеска. Македонија ги искористи нашите грешки и одиграа одлично. Покажаа одличен карактер на овој натпревар – изјави Шевченко на прес-конференцијата.

Димитриевски: Во второто полувреме ја прикажавме најдобрата игра досега на ЕП

Ангеловски: Во второто полувреме го покажавме вистинското лице и покажавме зошто играме на ЕП

Фудбалерите немаа среќа, Украина го „преживеа“ второто полувреме и ги освои бодовите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот