Шевченко импресиониран од „рисовите“: Македонија покажа карактер
Украинскиот селектор Андриј Шевченко по натпреварот изјави дека Македонија покажа карактер против неговите фудбалери. Македонија денеска го доживеа и вториот пораз на Евро 2020, овој пат загуби од Украина со 2:1 но одигра одлично второ полувреме.
– Многу е емотивно да си дел од Европско првенство. Рамнотежата на екипата може да се смени во секој момент. Одигравme одлично во прво полувреме, но во вториот дел нашата грешка и подарениот пенал можеше да не чини. Тука дојде нашата нервоза. Имавме неколку шанси да стигнеме до трет гол, но не успеавме да ги искористиме шансите. Мора да бидеме свесни колку шанси создаваме и како игравме во нападот. Мислам дека Украина е добра офанзивна репрезентација и тоа го покажа денеска. Македонија ги искористи нашите грешки и одиграа одлично. Покажаа одличен карактер на овој натпревар – изјави Шевченко на прес-конференцијата.
Димитриевски: Во второто полувреме ја прикажавме најдобрата игра досега на ЕП
Ангеловски: Во второто полувреме го покажавме вистинското лице и покажавме зошто играме на ЕП
Фудбалерите немаа среќа, Украина го „преживеа“ второто полувреме и ги освои бодовите