Шевченко го освои првиот бод како тренер на Џенова

Мируваа мрежите на натпреварот помеѓу Удинезе и Џенова / фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Фудбалерите на Удинезе и на Џенова одиграа без голови во рамки на 14 коло од Серија А, а ова воедно е и првиот бод за новиот тренер Андриј Шевченко.

Украинецот на клупата на Џенова дебитираше минатиот викенд во поразот од 2:0 против Рома, а денеска на „Фриули“ во Удине дојде до првиот бод во Серија А.

Екипата на Џенова имаше поголем посед на топката, но домашниот тим имаше повеќе шутеви кон голот на противниикот. Но, на крајот мрежите мируваа сите 90 минути. Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Горан Пандев ги одигра последните 17 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот