Шетал во шума кога бил нападнат од ГРИЗЛИ – Само ЕДНА работа го спасила (ФОТО+ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Канаѓанецот Колин Даулер се упатил на својот велосипед во шумскиот предел на Британска Колумбија, а сакал да истражи можна рута за планинарење. Иако мислел дека на овој пат ќе биде сам, наскоро пред него излегло гризли, јавува CBC.

На почетокот се надевал дека гризлито, како повеќето мечки, ќе сака да избегне контакт со луѓе и ќе продолжи по својот пат.

Тој размислувал дали да се врати назад, да ја заобиколи мечката или да остане во место, но животното решило да се залета право на него.

– Пробав да побегнам. Мечката брзо ме стигна, па и го фрлив точакот, рекол Даулер.

Потоа пробал да се прави мртов. Додека неподвижен лежел на земјата, тој се сетил на својата последна надеж, малиот нож во џебот. Ножот бил подарок од татко му, само две недели пред настанот.

– Го фатив ножот најмирно што можев, а потоа веќе можев да го осетам здивот на мечката. Ми ги зари забите во ногата, осетив како забите удираат во мојата коска. Го боцкав со оштрицата по главата, а потоа успеав да му го забодам во врат. Тој нож ми го спаси животот – раскажа тој.

Иако бил тешко ранет, успеал да го најде својот велосипед. Возел 7 километри до најблискиот камп каде изгубил свест. На негова среќа, тука имало неколку кампери кои знаеле прва помош и така му го спасиле животот. Канаѓанецот бил префрлен во болница каде успешно се опоравува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот