Шестоодделениците се вратија на настава во ОУ Љубен Лапе, прекинат бојкотот

ОУ „Љубен Лапе“, Аеродром, Скопје / Фото: Ристе Пејоски

Бојкотот на часовите по математика во шестите одделенија во ООУ Љубен Лапе – Скопје, од вторникот е официјално прекинат бидејќи отпочнува разрешувањето на целиот случај со наставничката по сите наши вложени напори за нашите ученици, соопшти Советот на родители од ова скопско училиште.

-Како што сме информирани обезбеден е заменски наставник по предметот математика од друго училиште, а во врска со проблемот со претходната наставничка Анета Костоска, училиштето презема активности и постапува согласно дадени насоки од Државниот просветен инспекторат (по поднесени пријави од родители и од Советот на родители) и оттука за било какви детални податоци во однос на целиот случај да ги обезбедите преку раководството и стручните соработници на училиштето, информира Советот на родители.

Тие изразија длабока благодарност до родителите на шестите одделенија за нивната истрајност и до родителите чии сведоштва од изминатите години помогнаа јавноста да добие реална слика за проблемите во училиштето.

-Истовремено, ги охрабруваме и родителите и наставниците редовно да ги пријавуваат сите девијантни појави кои се сѐ повеќе присутни во училиштата, а ние како Совет на родители нема да останеме неми на ниту еден проблем кој ги засегнува учениците, наставниците или родителите од нашето училиште. Советот на родители на ООУ „Љубен Лапе” Скопје и понатаму ќе остане „буден” и гласен за сите проблеми и теми и нашето дејствување нека биде пример и мотив за сите други родители и училишта во остварувањето на основната цел, а тоа е беспрекорно образование за нашите деца и здрав образовен систем, стои во соопштението на Советот на родители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот