Шестмина повредени во сообраќајка кај Петровец

Сообраќајна несреќа / Фото: Принтскрин Јутјуб

Четворица патници во автобус со број 52 на ЈСП, возачот на автобусот и возач на камион се повредени во сообраќајка која се случила вчера околу 12.20 часот во скопската приградска населба Дрма во правец кон населеното место Петровец. Според наодите на иследниците, камион „застава“ со струмички таблички удрил во двокатен автобус на ЈСП. Камионот го возел 27-годшниот А.Р. од Струмица, а автобусот 28-годишниот И.Ц..

Во незгодата биле повредени и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18) сите од Скопје кои со возило на Итна помош биле пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот