Шестмина повредени во автобуска несреќа во Скопје

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Петмина патници и возач на градски автобус во Скопје се повредени вчера околу 14.30 часот. Немилиот настан се случил на улицата „Втора македонска бригада“.

Возачот на автобусот Ш.К.(45) од Скопје од засега непознати причини нагло го запрел автобусот. Притоа со тешки повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Според полицијата со полесни повреди минале возачот и патниците А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје, по што Ќ.М. била пренесена во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четворица патници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот