Шестиот пакет денеска на Влада

Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Денеска на Влада ќе биде шестиот пакет економски мерки, најави министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој рече дека пари во Буџетот има и за новите мерки, но дека е неопходно да се  направи ребаланс на Буџетот.

– Уште кога го донесовме Буџетот рековме дека соодветно ќе реагираме со оглед на тоа што станува збор за многу неизвесна година. И во иднина ќе реагираме и ќе носиме нови мерки – рече Бесими.

За детали околу тоа што ќе содржи шестиот пакет, Бесими најави прес конференција по завршување на седницата на Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот