Шести триумф на Лејкерс, Леброн за историја (ВИДЕО) – Слободен печат
КошаркаСпорт

Шести триумф на Лејкерс, Леброн за историја (ВИДЕО)

Кошаркарот на „езерцата“ трет натпревар по ред остварува трипл-дабл.

ЛА Лејкерс влезе во победничка серија, против Чикаго ја оствари шестата победа по ред, додека Леброн Џејмс трет натпревар во низа забележува трипл-дабл.

Одличниот Џејмс имаше учинок од 30 поени, 10 скокови и 11 асистенции, додека забележителна партија остварија и Квин Кук со 17 поени и Кајл Кузна и Ентони Дејвис со по 15 поени. Во редовите на Чикаго, Зек Левин постигна 26 поени.

Највозбудливиот натпревар на НБА паркетите го одиграа Шарлот и Индијана, а победникот беше одлучен дури по продолжението. На крајот Шарлот славеше со 122:120, а прво име беше Девонте Греем со 35 постигнати поени.


Резултати:
Чикаго ЛА Лејкерс 112:118, Денвер – Мајами 109:89, Оклахома сити – Орландо 102:94, Атланта – Сан Антонио 108:100, Кливленд – Бостон 113:119,
Шарлот – Индијана 122:120.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close